OКТОМВРИСКО ПАТУВАЊЕ Ф И Р Е Н Ц А организиран разглед на МОНТЕКАТИНИ - ФИРЕНЦА - ПИЗА факултативни посети на СИЕНА - ЧИНКВЕ ТЕРЕ - САН ЏИМИЊАНО
Италија, Фиренца

почетна цена од 199 eur

Опис на понудата

OКТОМВРИСКО ПАТУВАЊЕ
Ф И Р Е Н Ц А
организиран разглед на МОНТЕКАТИНИ - ФИРЕНЦА - ПИЗА
факултативни посети на СИЕНА - ЧИНКВЕ ТЕРЕ - САН ЏИМИЊАНО
термин:06.10.2017 – 11.10.2017
Автобус - 6 дена - 3 ноќи

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 199 € / 12.330,00мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
- Сместување во хотел со 3* на база 3 ноќевања со појадок во Монтекатини;
- Организиран разглед на Фиренца со локален водич;
- Организиран разглед на Пиза;
- Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

- Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, карта за воз, користење на wi-fi, локален водич) 45€;
- Посета на Сиена и Сан Џемињано (трансфер, локален водич) 40€;
- Туристичка такса во хотел во Монтекатини (се плаќа на рецепција 1-3€ на ден);
- Патничко здравствено осигурување
- Индивидуални трошоци.

Напомена:
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

За овој аранжман важат општите услови на патување

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

1ден/ 06.10.17 (петок) СКОПЈЕ - МОНТЕКАТИНИ
Состанок на групата во 12:30ч. на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Фиренца во 13.00ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

2ден/ 07.10.17 (сабота) МОНТЕКАТИНИ - ПИЗА - МОНТЕКАТИНИ
Пристигнување во пладеневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови организирана посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

3ден/ 08.10.17 (недела) МОНТЕКАТИНИ - ЧИНКВЕ ТЕРЕ - МОНТЕКАТИНИ
Појадок. После појадокот, рано наутро заминување на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската ривиера. Разглед на регионот и прошетка низ 5те ДИЈАМАНТИ на националниот парк Cinque Terre. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите туристички центри. Враќање во La Spezia. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.

4ден/ 09.10.17 (понеделник) МОНТЕКАТИНИ - СИЕНА - САН ЏЕМИЊАНО - МОНТЕКАТИНИ
Појадок. После појадокот заминување на полудневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni и плоштадот Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio…Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignano dala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIII и XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.

5ден/ 10.10.17 (вторник) МОНТЕКАТИНИ - ФИРЕНЦА - СКОПЈЕ
Појадок. После појадокот, рано наутро заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, поттикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити… Во попладневните часoви поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

6ден/ 11.10.17 (среда) СКОПЈЕ

Пристигање во Скопје во вечерните часови .

Информации за понудата

  • Категорија: Екскурзии
  • Држава: Италија
  • Локација: Фиренца
  • Превоз: Автобус
  • Сместување: Хотел/Ресорт
  • Огласот е виден 77 пат/и
  • Огласот е објавен на 25.09.2017 06:50

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад