ПРАЗНИЧНО OКТОМВРИСКО ПАТУВАЊЕ И С Т А Н Б У Л - !! Сигурна реализација !! ! термин: 20.10.2017 – 24.10.2017 Автобус/ 5 дена /2 ноќевањa
Турција, ИСТАНБУЛ

почетна цена од 85 eur

Опис на понудата

ПРАЗНИЧНО OКТОМВРИСКО ПАТУВАЊЕ
И С Т А Н Б У Л - !! Сигурна реализација !! !

термин: 20.10.2017 – 24.10.2017
Автобус/ 5 дена /2 ноќевањa

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 85 € / 5.270,00мкд


Во цената на аранжманот е вклучено:

- Превоз со високотуристички автобус на дадената релација;
- Сместување во хотел со 3* во населбата Аксарај, на база 3 ноќевања со појадок;
- Пешачка тура (прв ден) (Хотел- Капали Чаршија- Сината Џамија);
- Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето.

Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:

- Доплата за сингл соба е 20 евра дополнително од аранжманот;
- Крстарење со брод по Босфор - 20€;
- Панорамски разглед на Истанбул (Посета на европскиот и азискиот дел на Истанбул и Египетскиот пазар) - 15€;
- Посета на Долма Бахче Сарај (превоз | влезница | локален водич) - 25€;
- Посета на Аја Софија (превоз | влезница | аудио сет (слушалки) | локален водич) - 20€;
- Посета на Топ Капи Палатата (превоз | влезница | локален водич) - 20€;
- Ноќен панорамски разглед на Истанбул - 15€;
- Посета на Аквариум Туркуазу - 15€;
- Патничко здравствено осигурување (задолжително) - 160мкд;

Напомена:
За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребен е минимум од 45 патници.
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето.
Организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.
За уплата, исклучиво во денарска противвредност.

За овој аранжман важат Општите услови на патување


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

1ден/ 20.10.17 (петок) СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ
Средба на групата на Дрводекор во 16:30 часот. Поаѓање за Истанбул во 17:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2ден/ 21.10.17 (сабота) ИСТАНБУЛ
Планирано пристигнување околу 08-09 часот по турско време. Сместување во хотел и време за одмор во договор со водичот.
Средба на групата со локалниот водич пред хотел и оттаму се упатува пеш кон Аја Софија, Топ Капи.
-10:30h- Посета на Аја Софија со локален лиценциран водич. Музејот Св. Софија е ремек дело на византиската уметност. Црквата е изградена за време на владеењето на царот Јустинијан во 6-от век и е посветена на Божествената мудрост. Изградена е за 10 години од 10.000 луѓе и 100 архитекти. Таа е третата црква изградена на ова место. Во тоа време била најголемата црква која постоела во Европа и успеала да го задржи овој статус до изградбата на Свети Петар во Рим.
Внатрешноста е украсена со прекрасни византиски мозаици од 6 до 13 век. Света Софија или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна црковна престолнина на Византиската империја во Константинопол (денешен Истанбул) и е претворена во џамија од страна на османските освојувачи во 1453-та година. По 1934-та е претворена во музеј.
-12:30h- Посета на Топ Капи палатата. Ова е палатата на Султаните, изградена на површина од 700.000 квадратни метри. Дворецот се состои од три главни делови – бирун, ендерун и харем. Палатата вклучува различни дворови, градини, простории за државни службеници, резиденција на владетелот, други резиденции и згради за вработените во палатата, светите мошти и царските архиви останале на чување во Топ Капи и по преместувањето на султаните во Долмабахче.
Слободна вечер за индивидуални активности. Ноќевање.

3ден/ 22.10.17 (недела) ИСТАНБУЛ (Крстарење - Босфор / Долма Бахче Сарај)
По појадокот околу 10 часот групата се сретнува пред хотелот со локалниот водич.
-10:30h - Панорамски разглед на европски и азиски Истанбул со лиценциран локален водич со посета на Чамлиџа и Египетскиот пазар. Автобуска екскурзија со која се поминува крај Галата Сарај, преминување од европската во азиската страна на Истанбул по еден од мостовите над Босфор. Краток престој на азискиот дел од каде има неверојатен панорамски поглед кон европскиот дел и Босфорот.
-14h - Крстарење по Босфорот и разглед на Истанбул со водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу. На самото пристаниште можете да пробате традиционален турски сендвич со риба, се продава од интересно украсени бродчиња, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето.
-16h - Посета на Долмабахче палатата – Турскиот Версај. Првата историска палата во османлиската империја, изградена во европски стил. Од нејзината изградба во 1853-та година до 1922 година (со прекин од 20 години) служела како главна резиденција на султанот. Тука живеел и починал Мустафа Кемал Ататурк, основачот на турската држава, наследена и отпратена во историјата во 19 и 20 век, претходна некогаш и главна (во 16 и 17 век) Отоманска империја.
Враќање во хотел, слободно време.
Слободно време до 20:30h кога групата се чека пред хотел со лиценциран водич и се упатува на ноќен разглед на Истанбул. Светла и романтична тура со која се посетува булеварот Кенеди, мостот на Златниот рог, пиер лоти и уште некои од најубавите предели на европскиот дела на Истанбул. По панорамскиот разглед групата се упатува кон популарниот плоштад Таксим каде ќе има два часа слободно време за прошетка или пијалок во некој од тамошните локали.

4ден/ 23.10.17 (понеделник) ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ
По појадокот групата има слободно време за прошетка или посета на Капали чаршија.
Во 11:30h се одјавува од хотелот и со куферите се упатуваме кон автобус од каде што се упатуваме кон познатиот трговски центар ФОРУМ Истанбул, каде се наоѓа најголемиот аквариум во Европа. Слободно време од околу 4 часа за шопинг, кафе во еден од најголемите трговски центри каде ги има сите трговски марки. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариумот „Туркуазу“ кој е првиот гигантски аквариум во Турција, кој на посетителите им нуди можност да пливаат меѓу петте тигар ајкули и да ги хранат. Водениот базен има површина од 8000м2 , а неговата вредност изнесува 17 милиони евра. Покрај 2.5 метарските тигар ајкули во слатките и солените води на аквариумот живеат и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените. Благодарение на специјалните тунели кои се дел од објектот, посетителите уживаат во 270 степенската панорама. Всушност тука се наоѓа и еден од најдолгите подземни тунели во светот 80м должина. Седум нуркачи редовно ги чистат водните басени во аквариумот и ги хранат ајкулите, некои и со гола рака. Планирано тргнување за Македонија некаде околу 16:30 – 17h по турско време.

5ден/ 24.10.17 (вторник) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Информации за понудата

  • Категорија: Екскурзии
  • Држава: Турција
  • Локација: ИСТАНБУЛ
  • Превоз: Автобус
  • Сместување: Хотел/Ресорт
  • Огласот е виден 46 пат/и
  • Огласот е објавен на 03.10.2017 05:50

Пријави неправилност на огласот

Врати се назад Врати се назад